Бугарски ултрамаратонец трча од Црното Море до Јадранот

Краси Георгиев е бугарскиот ултрамаратонец кој овој месец во својот проект наречен „Коридор 8” трча 1000 километри од Црното до Јадранското море. 

Трасата по која трча Красимир Георгиев е балканскиот Коридор 8 кој е во должина од 1000 километри и ги сврзува Црното со Јадранското Море. Проектот се нарекува #Сврзаност бидејќи целта на овој ултрамаратон да се подигне свеста кај локалните власти во Бугарија, Македонија и Албанија за потребата на развој на овој патен правец со цел олеснување на патувањето на луѓето што живеат на овие простори.

Трчањето започна на 8 мај од Бургас каде Красимир наполни вода од Црното Море која симболично ќе ја истури во Јадранот на предвидениот крај на 23 мај во Драч. Низ овој период тој ќе мине низ повеќе од 20 градови и повеќе населени места во овие три држави, а сите заинтересирани кои сакаат да го поддржат се во можност да се придружат на трчањето.

Ова е предвидениот календар на активности:

08/05 Варна – Бургас
09/05 Бургас – Сливен
10/05 Сливен – Стара Загора
11/05 Стара Загора – Пловдив
12/05 Пловдив – Панагюрище
13/05 Панаѓуриште – Софија
14/05 Софија – Ќустендил
15/05 Ќустендил – Крива Паланка
16/05 Крива Паланка – Скопје

17/05 Ден за одмор во Скопје
18/05 Скопје – Тетово
19/05 Тетово – Кичево
20/05 Кичево – Охрид
21/05 Охрид – Елбасан
22/05 Елбасан – Тирана
23/05 Тирана – Драч.

Моментално тој се наоѓа во Софија и тргнува према Ќустендил а веќе од 16 мај ќе влезе во нашата држава.

Красимир Георгиев е познат бугарски ултрамаратонец кој досега има учествувано на некои од најтешките ултрамаратони низ светот како Бед Вотер во САД – 220 километри во т.н. Долина на смртта и Џангл Ултра 230 километри во Амазон. Минатата година тој трчаше на лента 36 часа во добротворни цели.

Повеќе инфо тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија