Бугарска експедиција го искачи Серо Торе

Првата бугарска експедиција во Патагонија наречена „Опашката на змејот” успеа да го искачи врвот Серо Торе 3128 м.н.в.

Експедиција наречена „Опашката на змејот” составена од четворица бугарски алпинисти Мартин Маровски, Руслан Вакрилов, Виктор Варошкин и Григор Втев успеаја да ги искористат солидните временски услови и да го искачат врвот Серо Торе – еден од најатрактивните врвови за качување во Патагонија.

„Опашката на змејот” е прва бугарска алпинистичка експедиција во Патагонија, а покрај Серо Торе кој важи за еден од најголемите алпинистички предизвици тие имаат зацртано и уште некои други планови како централната кула на Торес дел Паине и некои од врвовите на познатата Монте Фиц Рој. 

Експедицијата стартуваше на 4ти јануари од месноста Ел Шалтен за веќе на 6ти да тргнат во последниот сегмент од рутата Ригни на западната страна на Серо Торе. Во 16 часот по локално време, после целодневно ледено качување, екипата стигна до врвот и стана првата бугарска алпинистичка група која се има искачено на Серо Торе. 

Благодарение на Руслан Вакрилов, фотографот во групата, можеме да ги ѕирнеме овие фотографии од искачувањето. 

Следете ја експедицијата ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија