Брзински рекорд на Ел Капитен

Рекорд во брзинско искачување на „Salathe Wall“

Рано утрото на 6 нoември, 22 годишниот американец Шин Лемп (Cheyne Lempe), член на Јосемитската Служба за Потрага и Спасување и долгогодишен качувач во долината Јосемити, тргна на нешто што рече дека ќе биде „најтешкото нешто на кое се обидел во долината Јосемити“.

А тоа е качување на насоката „Salathe Wall” во рекордно време, соло. По 20 часа и 6 минути, во 3:51 часот,  Лемп стигна на врвот на најкултната насока во Јосемити и постави нов рекорд за брзинско искачување на насоката „Salathe” (5.9, R, C2, 35 цуга).

„Качувајќи го „Salathe Wall” на Ел Капитен соло во еден ден ја тестирав секоја вештина која ја научив качувајќи во долината.“ напиша тој во извештајот. „Некако успеав да ги нагодам моите несигурности и нервози веднаш штом почнав со првиот цуг. Влегов во ритмот на солирањето, се почувствував лесен на карпата по целата насока.“

Иако Лемп ја качи насоката потполно сам, не направи слободно соло на „Salathe”, и немасто тоа претпочиташе користење на безбедноста на систем за соло-качување со јаже.

„Иако се троши повеќе време, избрав да бидам врзан од толото па сè до врвот без да правам слободно солирање. Не сакав да додадам ментален стрес на мисијата, и не ми пречеше да бидам безбеден.”

Лемп испи 8 литра вода и изел околу 2200 калории за време на своето 21-во искачување и четврто еднодневно соло на Ел Кап. Меѓу другите достигнувања на ел Капитен, Лемп го држи брзинскиот рекорд и првото искачување за помалку од 24 часа на „Октопуси” (5.9 А3), качувајќи со Дејвид Алфри (David Allfrei) и Скот Депјути (Scott Deputy) во семптември оваа година.

Тој е исто така најмладиот кој ги комплетирал соло искачувањата на „Носот” (5.9 С2) и „Зодијак” (С3+) и го поставил брзинскиот рекорд на „The Shortest Straw” (А4-) со Дејвид Алфри и Ски Дитреј (Skiy Detray) во октомври 2012 година.

Стив Шнајдер (Steve Schneider) го држеше претходниот рекорд на „Salathe” со време од 21:44 иако Лемп го држи тековниот рекорд, сепак мисли дека насоката може да се качи и побрзо.

„Нема да му биде тешко некому кој е посилен од мене да ја солира насоката доста побрзо. Има многу должини кои можат брзо да бидат слободно иссолирани, и појак слободен качувач ќе биде во можност да забрза на теренот на кој јас качував технички.“ напиша тој.

„Ќе се одморам од голамата карпа оваа зима, и ќе одам на спортско качување во Азија и сурфање во Австралија со мојата девојка. Работната сезона во Јосемитската Служба за Потрага и спасување ми започнува во мај, и едвај чекам да бидам побрзн на Ел Кап.“

Следи видеото од брзинското искачување на Шин Лемп