Ханс Флорин, со своите 50 години

Брзински соло рекорд на „Тројниот Директ“ на Ел Кап

На 13 јули, само што долината Јосемити се разбуди со прогноза за температура од 41°C, брзинскиот мајстор Ханс Флорин (Hans Flоrine) тргна да го направи првото еднодневно соло искачување на „Triple Direct” на Ел Капитен.

Флорин, кој минатиот месец наполни 50 години, имаше еднонеделен одмор од својата работа со полно работно време во салата за качување „Touchstone Diablo” во областа San Francisco Bay, додека обете негови деца беа на летен качувачки камп.

Запрашан што ќе прави во слободното време, Ханс одговорил: „Ќе се мрднам од качување.”

По неколку дена исполнети со искачување на повеќе средно тешки долги насоки во денот во Toulumne Meadows со свој пријател, Флорин веќе вриеше од мотивација. Во Неделата, 13 јули, тргна во 5:48 на почетната варијанта наречена „Freeblast”со 70 m-ско јаже, комплетна „железарија” и 3,8 литри вода. Со самообезбедување, и продолжил да абзелува и јумари по сикачувањето на секој цуг освен на лесниот терен со оцена IV од Half Dollar од Mamooth Terraces.

Фотографијата е негово селфи презмено од неговиот профил на фесјбук.

Запрашан за жештината, Флорин некако не ги почувствувал жестоките услови, вели:„Жешко беше само кога ќе ме огрееше сонце, и гледав да се кријам во сенките.”

Флорин стигнал на врвот во 23:17, поставувајќи неверојатен рекорд од 17 часа и 29 минути на „Тројниот Директ”, што всушност е комбинација од почетокот на „Salathé Wall”, средниот дел од „Miur” и последната третина од „Носот”, од Големиот Таван па нагоре.

Ова е еден од најјаките качувачки денови кој педесетгодишниот качувач ги имал во долината Јосемити. Ханс Флорин е носител на тековниот брзински рекорд за „Носот” во наврска со Алекс Хонолд, Ханс исто така држи рекорд за најмногу искачувања на Ел Кап, досега вкупно 157.