Бронзен медал за единствената дама тренер на Специјална Олимпијада

Пливачкиот тренерски тим на Специјална олимпијада викендов за прв пат учествуваше на Отвореното триатлон првенство во Радожда и освои бронзен медал.

Мартин Мојсовски, Марјан Ивановски, Радован Велјановски и Елена Зисовска без амбиции, на триатлон првенството сакаа да ја тестираат својата издржливост во чест на атлетите на Специјална олимпјада и очигледно се во добра форма. Бронзениот медал кој го освои Елена Зисовска – Ека е потврда за тоа.

„Начинот на кој што ние живееме, редовното пливање и возењето велосипед не држи сите четворица во топ форма. Периодот пред триатлон првенството го поминавме во тренинзи трчање и кондициони подготовки. Ова натпреварување долго време ни беше предизвик и имавме голема желба да бидеме дел од него. Без големи очекувања отидовме во Радожда и мојот бронзен медал ни донесе огромна радост. Медалот е посветен на атлетите од Специјална олимпијада кои секојдневно ги поместуваат сопствените ограничувања, а нивните заложби се моја огромна инспирација” – вели Елена Зисовска – Ека.

Триатлон натпреварувачите ги одмеруваа силите во спортските дисциплини пливање, возење велосипед и трчање, односно возеа еден круг со велосипед, пет километри пливање и еден круг од 1.250 метри трчање. Патеката за возење беше поставена кон кампот Ливадиште, а трчањето кон Албанија. На ова триатлон првенство учествуваа 60 триатлонци.