Наслов

Бракот е предиспозиција за дебелеење

Бракот или опцијата партнерски живот во најголем процент е причина за зголемување на телесната тежина кај обата партнера со намалување на физичките активности.

Професорите Натали С. Тхе и Пени Гордон-Ларсен од универзитетот во Северна Каролина, експерти по нутритивна епидемиологија и превенција на дебелината и дијабесот реализирале студија која опфатила 8000 мажи и жени. Иако студијата е рализирана од 1995- 2002 година резултатите се сè уште актуелни и доста провокативни.

Во почетокот сите единки биле слободни - самци. Во 2002 година 16 проценти живееле во партнерски однос, а 14% стапиле во брак. Без разлика на полот во обете групации во најголем процент е забележана зголемена телесна тежина со назначен неактивен животен стил за разлика од оние кои останале сами.

Седентарен (неактивен) начин на живот во основа е живеачка без или со многу малку физичка активност. Седечко - лежечките навики преовладуваат и поврзуваат низа други пасивни активности како ТВ, компјутер, видео игри, читање и редица други кои се потенцирани во заедничкото партнерско живеење.

Во заклучоците на студијата меѓудругото е битно прифаќањето на одредени навики за физичка активност од другиот партнер. Тоа значи ако едниот почне да вежба, во најголем процент таа навика ќе ја прифати и другиот.

Бракот не е контраиндикација за физичка активност, но индицира зголемена телесна тежина со која треба сериозно да се справат сите партнери за позитивен здравствен а со тоа и брачен бенефит.

20 Јануари 2015

За авторот