Наслов

Борењето остана да се бори

Вчера, Меѓународниот Олимписки Комитет ја скуси листата од седум можни спортови кои може да влезат во олимписката програма за 2020 година на три, а еден од нив остана борењето. 

Пред три месеци, во февруари, беше решено овој древен олимписки спорт да биде повлечен од листата за ОИ во 2020 година, но после реакциите беше решено борењето да влезе во кратката листа на спортови кои дополнително ќе мора да се изборат за влез на едното место кое води на Игрите.

Вчера во Санкт Петерсбург од страна на МОК беа прегледувани презентациите на спортовите кои беа во трка да го добијат единственото место кое ќе ја дополни програмата за ОИ во 2020 година, а борењето успеа да се избори за вториот круг.

Од осумте спортови, борење, бејсбол/софтбол, карате, ролери, спортско качување, вејкбординг, сквош и Кинеската вештина Вушу, позитивни оценки добија само три спортови, меѓу кои борењето, сквошот и комбинацијата бејсбол/софтбол. 

Претседателот на Интернационалната боречка федерација (ФИЛА), Ненад Лалович вели дека натпреварот не е завршен бидејќи борењето треба да биде претпазливо во вториот меч против опасните натпреварувачи (сквошот и бејсболот).

Одлучувачкиот круг на гласање ќе се одржи во Буенос Аирес овој септември.

30 Мај 2013

За авторот