Наслов

Борачите во Бугарија ја темпираат формата за ЕИ БАКУ 2015

Македонскиот олимписки комитет и Федерацијата за боречки спортови на Македонија обезбедија силни подготовки за нашите национални репрезентативци во борење-слободен стил кои се реализираа во Банско, Р.Бугарија во периодот од 8 до 22 Април.

Од денес, нашите најдобри борачи Дејан Митров, Јасин Реџалари, Бесмин Вејсели, Дејан Богданов, Бобан Данов и јуниорите Николче Петров и Елмедин Сејфелау кои се под стручно раководство на тренерот Љуљзим Вренези и експертот по борење од Украина, Миколај Корниеиев се во Софија, каде што ќе настапат на еден од најсилните меѓународни турнири во борење, слободен стил "Дан Колов" кој се одржува од 24 до 26 Април.

24 Април 2015

За авторот