Наслов

Бонев трет на замрзнатиот Копаоник

Во рамките на стартот на овогодинешната српска Скајранинг лига, првата трка беше одржана на Копаоник со старт во 5 часот изутрина и екстремно тешка стаза од 15 километри и 1800 метри качување. Покрај големата група на наши тркачи и уживатели во планината и природата беше и стандардно спремниот и секогаш конкурентен Марјан Бонев кој го освои третото место. 

На Копаоник Скајтреил учествуваа околу 100 луѓе, а стартот беше закажан на 5 март рано наутро во 5 часот. Трката беше со должина од 15 километри, но кога на тоа ќе ја видите висинската разлика до 1800D+ на таа километража тогаш може да ви се разјасни за стрмнината на истата. Додадете го на тоа и студеното време и замрзнатата патека...

Прво место во машка конкуренција освои Кристијан Стошиќ 1:56:51, втор заврши Душан Бажич со само 10 секунди заостанување 1:57:01 а трет беше нашиот претставник Марјан Бонев со време од 2:08:42. 

Кај жените прва беше Софија Араповиќ 2:50:50, втора Марина Николиќ 2:54:43 и трето место освои Невена Рајковиќ 2:59:55. 

Покрај Марјан Бонев на трката учествуваа и македонските тркачи Игор Јосифов, Ивана Герчаковска и Никола Цицовски. 

Фотки - Skyrunning Serbia

Бонев на Финиш

07 Март 2016

За авторот

Skopje