Бонев рамо до рамо со Дизела на „Пирин Ран”

На 21.06.2015 на планината Пирин се одржа традиционалната трка во планинско трчање „Пирин Ран 2015″. Стартот на трката е од пред хотелот „Кемпински” во Банско додека финишот на врвот Вихрен 2914 мнв, така што патеката е долга 13 километри со 2030м висинско искачување.

Оваа година конкуренцијата беше силна и со тоа организаторите очекуваа да биде срушен и рекордот на патеката кој изнесува 1:39:29 часа, а е во сопственост на трикратниот победник на оваа трка Шабан Мустафа.

Трката беше закажана за недела, со старт во 10.00, но поради лошите временски услови, ниски темпратури, дожд и ветер на самиот старт на трката, овогодишното издание беше модифицирано односно трката беше скратена и заврши во планинарскиот дом Вихрен (1950мнв) = 10,5км и 1070м висинско искачување (115м висинско спуштање).

Патеката на трката води по ски стазата до Бандеришка полјана, а од таму по кратко трчање по асфлат влегува остро нагоре во шумата и продолжува по козја патека со мали прекини од асфалт сè до домот Вихрен. Од таму само стрмно исклучиво нагоре по остра вертикала и цик-цак движење до врвот Вихрен.

Првото место го освои Кирил Николов – Дизел, актуелен шампион на Бугарија во планинско трчање, со време од 0:52:35. Веднаш зад него финишира рекордерот на патеката Шабан Мустафа со време 0:54:39, додека на третото место на подиумот се пласира Македонецот Марјан Бонев (TREX) со време 1:03:16 што претставува голем успех во една ваква конкуренција.

Од македонските натпреварувачи учествуваа и Александар Кирковски (1:09:02, 8 место), Дејан Тодевски (1:16:48, 15 место), а Тања Стојановски (TREX) со време 1:30:56 финишираше на 5 место во женска конкуренција.

Резултати

Фотки – Школа за характери

 

Автор

TREX

Скопје

Македонија