Бојан Петров исчезна на Шишапангма

Бугарскиот високогорски искачувач Бојан Петров кој досега има најмногу искачувања над 8000 метри е пријавен за исчезнат на врвот Шишапангма. 

Информациите од терен велат дека Бојан за последен пат бил забележан (со двоглед од Базниот камп) некаде на висина од 7500 метри, откаде му се губи трагата. На 3 мај тој тргнал во соло обид за искачување на врвот Шишапангма висок 8,027 м.н.в. по што настапило брзо влошување на временските услови.

Досега се уште нема контакт со бугарскиот искачувач, а дел од искачувачите кои успеале на 5 мај да стигнат до 3 висински логор, го нашле празниот шатор на Бојан. 

На Фејсбук се огласи и неговата сопруга која ја пренесе информацијата за Бојан каде дополнително се вели дека најраното можно време за спасителна акција е утре 08.05.2018. Работите се уште покомплицирани земајќи го фактот дека Бојан е дијабетичар. 

Бојан Петров е бугарски високогорски искачувач и балканец кој има најмногу искачени врвови повисоки од 8000 метри – 10 од 14. Шишапангма е најнискиот врв повисок од 8000 метри и единствен кој е целосно сместен во територија на Кина (Тибет).

Македонската јавност имаше можност да се запознае со Бојан и со неговиот најголем животен проект „Бугарин кон 14х8000” за време на активностите по повод светскиот ден на планината на 11 декември 2017 во организација на ФПСМ. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија