Бојан Петров гостува во Скопје

Идниот месец на 11.12.2017 по повод Светскиот ден на планината, во киното Фросина ќе гостува бугарскиот високогорец Бојан Петров кој има искачено 10 од вкупно 14-те врвови повисоки од 8000 метри. 

Бојан Петров е биолог по професија, а воедно и високогорец кој е најсериозен претендент да стане Бугарин и воопшто човек од Балканот кој ја има искачено т.н. Хималајска Круна – сите 14 врвови повисоки од 8000 метри кои се наоѓаат на Хималаите и Каракорум. 

До пролетта 2016 година тој имаше искачено пет врвови од оваа група –  Гашербрум I, Канченѕонга, Броуд пик, К2 и Манаслу, потоа во 2016 ги искачи Макалу, Анапурна и Нанга Парбат, а оваа година Гашербрум II и Дхаулагири со што стигна до бројката од 10 искачени врвови од 14-те 8000метарски врвови

Досега од 1986 година кога Реинолд Меснер успеа да биде првиот кој ги искачи сите овие врвови па до ден денес, овој подвиг го имаат комплетирано 39 високогорци, факт кој говори за тежината, комплексноста како и останатите елементи кои се неопходни за негово успешно финализирање. 

Петров е автор на книгата „Првите седум”каде се опфатени неговите физички подготовки и тренинзи, изборот на опремата, животот во базните кампови, аклиматизацијата, качувањето со и без килород и многу други детали од овие специфични активности во природа.

Гостувањето на Бојан Петров ќе биде дел од програмата посветена на Светскиот ден на планината која ќе се одржи во киното Фросина на 11.12.2017 година со почеток во 19 часот. Настанот е во организација на Федерација на Планински Спортови во Македонија. 

Повеќе за искачувањата на Бојан Петров читајте тука

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија