Богомила и регионот на Азот беа велосипедски центар на Македонија

Изминатиов викенд во организација на ЗГ Велес Бајкинг , по 4-ти пат се одржа Outdoor Festival АЗОТ 2018 мтб Предизвик. Централни активности како и изминатите години беа двете патеки за планински велсипедизам, а од оваа година настанот се прошири во Outdoor Festival со активностите а планинарење, планинско трчање и алпинизам.


Централно место на сите случувања беше кампот во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов” во с.Богомила на 497мнв. Околу 300 учесници кои присуствуваа во Богомила овој викенд, заедно со месното население и нивните гости имаа ретка можност да осетат Богомила полна и весела, потсетувајќи се на минатото кога во Богомила живеле постојано преку 1000 жители. 
Организаторот Велес Бајкинг заедно со Општина Чашка која патем, несебично и отворено го помогна овој настан направија пребогата дводневна агенда на активности. 


Саботата наутро неколку велосипедисти го возеа малиот маратон во придружба на амбасадорот на Словачка, г-н Хенрик Маркуш кој имаше огромни позитивни забелешки за природните убавини на овој регион. Попладнето 40-на велосипедисти ја посетија преубавата Бистрица и манастирот „Св.Петар и Павле” и тамошниот етно музеј. Несекојдневен настан беше Украинската вечера, огранизирана од заменик амбасадорот на Р. Украина г-н Ростислав Палагусунец, кој заедно со неговите пријатели присутни во Богомила се големи љубители на планинскиот велосипедизам и уживаа во убавините на АЗОТ.


Во кампот имаше организирано следење на ракометниот натпревар на Македонскиот првак Вардар во полуфиналето на ракометниот Final Four, а вечерта се гледаше и финалето во Лигата на Шампионите. Некаде кај 22:00 свој настап имаа и лудите рокери „EPIDEMY” од Кавадарци кој буквално го дигна на нозе цел регион.


Главниот настан во планински велосипедизам беше на 27 мај, во неделата со старт на големиот маратон во 09:00 часот и малиот маратон во 09:45 часот, а се возеше по следните патеки:


АЗОТ 2018 мтб Предизвик – голем маратон: Должина 53.5 km +1805 m / -1803 m


АЗОТ 2018 мтб Предизвик – мал маратон: Должина 34.5 km +1011 m / -1008 m


Највисоката точка каде поминуваат велосипедистите е 1435мнв, на 1км од планинарскиот дом Чеплес. Патеките се возат низ еден од најубавите предели во Македонија, а поминуваат низ с.Нежилово, с.Црешнево, с.Капиново и с.Папрадиште како и планинарскиот дом Чеплес. Во најголем дел од патеката се возеше низ шумски предел со преубави погледи кон врвот Солунска глава, низ неколку мали или поголеми водопади каде природата ја покажува својата имагинација. Чистиот воздух го имаше во неограничени количини.


Покрај велосипедистите, 10-на планинари пешачеа низ преубавите предели на АЗОТ на релација Богомила-Капиново-Црешнево-Богомила во должина од 14,8км. 
Исто така свој настап имаа и планинските тркачи од „TREX” од Скопје кои имаа дводневна агенда. Првиод ден тие трчаа од с.Ореше до врвот Солунска глава и како крајна точка до Нежилово, а вториот ден тршаа на релација Богомила-Мокрени-Богомила.


Поради лошите временски услови кај месноста викана „Нежилови Карпи”, Македонската Алпинистичката Федерација го откажа својот настан, со најава за следната година. 
Настанот го посетија преку 300 вљубеници на outdoor настани од цела Макеоднија, а како што и претхдно напишавме, имаше гости од Словачка, Украина, Бугарија и САД државјани со привремен престој во Македонија.
 Фестивалот заврши со премногу имресии од сите учесници, на големо задоволство на мештаните на Богомила и регионот.

Организаторот ЗГ Велес Бајкинг за следното јубилејно 5-то издание на фестивалот, уште од сега најавува спектакуларна и интересна програма со нови изненадувања.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија