Битолчани ја реновираат „Ловечка” во планинарски дом „Широка”

Од стара и пред распаѓање ловечка куќичка, планинарските ентузијасти од Битола и Пелистер со локална помош веќе ја реновираат и опремуваат истата во планинарски дом. Па браво бе екипа, тоа е љубов.

Фотографии – Александар Буневски


Во краток разговор со Јонче Илиевски Мурато од битолското планинарско друштво „Димитар Илиевски Мурато” имавме во можност да чуеме убава вест за планинарската и општо македонската јавност. 

Планинарскиот клуб „Димитар Илиевски Мурато” заедно со битолскиот фрирајд ешалон SSNL (Ski and snowboard No limits) се во процес на реновирање на познатата ловечка куќарка која се наоѓа во пазувите на врвот Пелистер. Таа се наоѓа на 1950 метри надморска височина, а досега беше во очајна состојба и служеше само времено за берачите од боровинки. 

Тимот со работа започна во октомври месец и досега го имаат санирано покривот и ѕидовите кои беа пред распаѓање. Задно со помошта од „Металец Битола” и Националниот Парк Пелистер досега ловечката куќарка е дотерана за да ја издржи оваа зима, а здравје од другата година би се донеле кревети, вода, дрва за огрев и останати основни елемнти за истата да функционира како мала планинска куќа т.е. дом. Засега таа може да се користи како бивак. Според просторот ќе има 13 кревети за ноќевање. 

Името ќе се замени од досегашната „Ловечка” во планинарски дом „Широка” според областа каде што се наоѓа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија