Билдерското село во Индија

Следејќи го трендот на настаните, 90 посто од мажите во индисково село кое брои 3,500 души се навлечени на сериозно билдање затоа што имаат намера да станат обезбедување во Њу Делхи. Чекајте да видите што нутриција водат зашто многу од нив се вегетаријанци..

Асола-Фатехпур Бери е селото во кое што буквално секое дете, млад дечко, па и возрасен маж билда и води сериозно здрав живот со по минимум два тренинга на ден. Билдинг треската е настаната пред се` поради новиот тренд за станување на обезбедување во некоја од дискотеките на Њу Делхи како замена за тоа да останеш земјоделец во истото село. 

Скоро никој од машката популација не пуши, пие или пак употребува било какви наркотици, туку сите се навлечени на сериозни тренинг рутини, со по два тренинга на ден составени од најразлични дигања на тегови, трактори итн, како и јога. 

Најинтересен детал од целата приказна е нивната нутриција затоа што голем дел од нив водат вегетаријанска исхрана па за да накачат на маса тие внесуваат по најмалку три до четири килограми на млеко на ден, 10 до 12 банани и пола кило од други овошја, за ручек имаат по 1,5 до 2 кила урда со неколку парчиња леб и уште нешто. 

Обезбедувањето како извор на парични средства сега обезбедува 90 проценти од фамилиите во селото.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија