Наслов

Биди дел од научно истражување на Виз Eр Скопски Маратон

Биди дел од научно истражување!

Дознај повеќе за твоите потреби за течности и заработи.
Примарна цел на ова истражување е да го утврди флуидниот статус кај учесниците на Виз Ер Скопски маратон 2014. Исто така, ова истражување има за цел да го тестира вашето знаење во врска со потребите на течности кај спортистите и да ги открие вашите навики за консумирање на течности.

За таа цел, ова истражување се состои од два дела.

Првиот дел од истражувањето претставува пополнување на прашалник кој се состои од три дела (овој прашалник ќе биде пратен на вашиот е-маил, откако ќе се пријавите on-line и ќе уплатите учество за трката, за да учествувате треба да имате доделен стартен број).

Вториот дел од истражувањето ќе се случи на денот на трката. Како учесник во овој дел од истражувањето, вие ќе треба да дадете примерок од крв и урина пред почетокот и веднаш после завршувањето на трката, а истовремено ќе се изврши и мерење на вашата телесна тежина. Примерокот на крв ќе се зема од прст, а истиот ќе биде искористен за да се одреди нивото на натриумот во плазмата.

Наодите од ова истражување ќе се искористат да се изработи брошура која ќе биде бесплатно достапна на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон, а ќе содржи препораки за консумирање на течности пред, за време и по завршувањето на тренинзите и трките.

Учеството во ова истражување исто така ќе ви донесе и лична придобивка. Вашите резултати и толкување на истите, заедно со совети за консумирање на течности, ќе ви бидат пратени по e-mail. Исто така, за учеството во вториот дел од ова истражување ќе добиете паричен надомест.

Бројот на учесници ќе биде ограничен, поради ограничување на опремата која ќе биде на располагање на самиот ден на истражувањето, како и опремата која подоцна ќе се користи за крвната анализа, како и анализа на урина.

Главни иницијатори и реализатори на ова истражување се Проф. Д-р. Метин Далип и Методија Ќертаков. Техничката реализација е во рацете на организацијата на Виз Ер Скопски маратон, Тетовскиот Универзитет, како и тимот на endurance.mk.
Доколку имате било какви прашања, во врска со истражувањето, Ве молам контактирајте го Методија Ќертаков на следниов e-mail: metodijakertakov@yahoo.com

Напомена: во ова истражување учество може да земат само натпреварувачите на полу маратонската и маратонската трка.

17 Април 2014

За авторот