Наслов

Бидете дел од Fit Games vol.2

По успешниот натпревар минатата година, ве каниме на Fit Games vol.2 – подобар, поголем и уште позабавен настан! :)

Што треба да знаете за Fit Games?

Fit Games Competition е натпревар во кросфит/функционален фитнес. Натпреварот е од отворен тип, што значи дека може да се пријави секој што се чувствува спремен да ги тестира сопствените граници. Отворен е и за публика, па така оние што не се спремни за натпревар ги покануваме да дојдат да се забавуваат со нас, да им дадат поддршка на натпреварувачите и да бидат сведоци на сѐ она што може да се постигне со доволна желба и мотивација.

Котизацијата за учество е 400 денари и вклучува високопротеински и енергетски оброк од Fitness House, вода, овошје и дизајнирана маица за натпреварот.

За првите тројца во двете категории (мажи/жени) обезбедивме вредни награди – спортска опрема од Nike, спортски суплементи, медали и уште едно изненадување што ќе ви го откриеме во наредните денови :)

Бројот на учесници е ограничен на 40 мажи и жени, затоа пријавете се брзо во порака кај NagomyFitness Centre!

За мотивација и забава ќе се погрижи нашиот проверен тим – Гораст Цветковски во улога на модератор и Darko Andonov (Irie Scratch) зад миксетата!

Настанот ќе се одржи на 7ми Октомври на платото пред Skopje City Mall (до терасата на Тренд) со почеток во 12 часот. Натпреварувачите ќе треба да дојдат во 11 за брифинг и подготовки.

Натпреварот Fit Games vol.2 е организиран од Mario Jovanovski - www.MarioFit.net и NagomyFitness Centre, со поддршка од: Skopje City Mall, Општина Карпош, Nike, Ewopharma – Flexofytol и Fitness House.

Натпреварот ќе се одвива во 3 дела - од резултатите во првите 2 дела ќе се издвојат 10 машки и 5 женски натпреварувачи кои ќе продолжат во финале, односно во третиот дел од натпреварот каде што ќе се натпреваруваат во уште една вежба. Како и минатата година, последната вежба ќе им биде соопштена на лице место на натпреварувачите кои ќе влезат во финале.

Пријавувањето е во тек, местата се ограничени, побрзајте!

Ланската верзија на Fit Games беше успешна реализација на една мала идеја, идеја за спојување на истомисленици на исто место, со цел одлична дружба, размена на позитивна енергија, натпреварувачка борба и најважното – зголемување на свеста и популаризација на спортот!

Добивме и повеќе од што очекувавме! 29 натпреварувачи кои го дадоа својот максимум и многу позитивна енергија на едно место.

Во однос на наградите, бевме прилично скромни и не доделивме никакви награди, освен ваучери за попуст за суплементи.

Но, оваа година Fit Games завзема сосема друга димензија по својата сериозност. Јас секогаш верувам дека доколку имаме добра идеја и се работи активно на неа, некој ќе ја препознае и ќе ја поддржи.

Оваа година добивме сериозна поддршка од повеќе поддржувачи на кои сме им бескрајно благодарни!
Вкупниот паричен и вредносен награден фонд на Fit Games e 1.000 евра ‼️‼️💰💰

Затоа, пријави се на Fit Games! 😎

Освен тоа што ќе ги тестираш сопствените граници и ќе се дружиш со луѓе со кои имаш заедничка пасија за здрав, активен живот, ќе имаш можност и да си одиш дома со некоја од вредните награди што ги спремивме со нашите партнери и поддржувачи!

⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️

🥇Прво место во двете категории (мажи/жени): по 200 евра, Nike спортски ранец + пакет награди🏆

🥈Второ место во двете категории: по 100 евра + пакет награди*

🥉Трето место во двете категории: по 50 евра + пакет награди*

⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️

🎉*Пакет награди за првите три места: пилешки и мисиркини месни производи од Perutnina Ptuj; CryoMK ваучери (терапија во cryo сауна за прво место, local cryo therapy за второ место, Normatec recovery за трето место), ваучери за бесплатен дијагностички преглед во Qubit plus; пакет протеински и енергетски барови од BeHealthy.

Како ќе изгледаат вежбите, односно натпреварувачкиот дел од натпреварот ќе биде објавен ќе биде објавено во понеделник! 🏋️‍♂️

Сите учесници на Fit Games ќе добијат arm band за носење на телефонот на рака, ваучер за 20% попуст за дијагностички преглед во Qubit plus, дизајнирана маица, оброк од Fitness House, вода MaYa, и овошје (банани и јаболки). 🍌🍎🥛

Огромна благодарност до нашите поддржувачи: Општина Карпош, Flexofytol, Skopje City Mall, Nike, Perutnina Ptuj, BeHealthy, CryoMK, Qubit Plus и нашите соработници: Nagomy Fitness Center, Ultimate Fit Alebras, Fitnes Revolucija, Moj Trener, Fitness House, Вода MaYa, DJ Irie Scratch, Marko Novevski. 🤝✌️

Пријавувањата траат до 29.08.2018 📆

Можете да се пријавите во:

📬Приватна порака
📍Nagomy fitness studio
📍Фитнес Револуција
📍Ultimate Fit Alebras
📍Мој Тренер

Ги имаме сите предуслови за незаборавна дружба, немој да ја пропуштиш! 😎💪

27 Септември 2018

За авторот