Само креативно!

Наслов

Bicycle Culture by Design

Погледнете го гостинот на TEDx, Микаел Колвил-Андерсен и неговото дизајн-решение за велосипедската култура во градовите кое би ги разубавило животите на урбаните граѓани низ Европа и пошироко. 

Критичната јавност во Европа и западниот свет, континуирано посветува време за дебата, соработка и иницијативи за унапредување на условите за живеење, движењето во урбани средини и решавање на предизвиците со сообраќајот во урбаните средини.

Како клучен проблем се идентификува периодот од пред 85 години, во кој сообраќајните инженерски решенија, воглавно се фокусирани да "служат" на моторните возила како доминантни во сообраќајот.

Овој инженерски концепт (на запад) полека заминува во историјата, бидејќи современите општества имаат потреба од модерни решенија за потребите на урбаните граѓани, а истите се однесуваат на современиот дизајн - како алатка за реализирање на потребите на патниците, велосипедистите и пешаците.

Дизајнот наспроти инженерството, овозможува следење на потребите на сите засегнати страни во урбаните средини и може да помогне со креативно изнаоѓање на најсоодветните решенија за урбаните предизвици (кај нас секако, хаос).

Погледнете го видеото на TEDx (успешна нон-профит иницијатива) и нивниот гостин, кои ни овозможуваат да видиме како преку дизајн-решенија, може да се унапредува културата на велосипедизмот и урбаниот сообраќај.  

 

20 Март 2013

За авторот