Бен Смит успеа да истрча 401 маратон за 401 ден

Придружен со стотици поддржувачи и деца, со старт во Бристол и финиш во Портисхед, во градот каде живее, овој 5ти октомври 34-годишниот Бен Смит успеа да го истрча својот 401-ви маратон во вкупно 401 ден откако ја започна програмата за подигнување на свеста и собирањето на хуманитарни средства против силеџиството врз децата од Британија. 

Со старт минатата година на 1 септември, започна хуманитарната акција на фондацијата Kidscape водена од Бен Смит која зацрта цел да собере средства за поттикнување на програма против силеџиството врз децата во Британија. За собирањето на средствата, самиот Бен реши да трча по еден маратон секој ден. 

Во неговото детство овој човек се соочувал со силеџиство од страна на одредена група на деца која траела цели осум години и истата значително влијаела врз карактерот на Бен, менувајќи ја неговата доверба и нарушувајќи ја неговата сигурност. 

Откако тој созрева, откако минува период на депресија во неговите 20ти години и откако се пронаоѓа како хомосексуалец, тој решава да формира фондација преку која ќе се помогне на сите деца кои се во ваква ситуација и воедно ќе влијае врз подигнување на свесноста низ целата држава за негативните ефекти од овие навидум детски работи. 

Преку програмата тој успеа да собере преку 250 илјади фунти, а низ предизвикот кој траеше 401 ден, тој изгуби 20 килограми, истроши 22 пара патики, заработи една кила со која се справи и се врати на патеката и успеа да истрча 401 маратон за 401 ден.

Првите 284 денови Бен немал некои поголеми проблеми, но тогаш му се појавила умбиликална хернија (кила) која го одвратила 10тина дена. Овие километри тој успеал да ги надокнади во наредниот период – пишува BBC

На последното трчање се придружија голем број на деца и луѓе кои ја поддржаа неговата акција. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија