Повеќе од клуб

Барса и независноста на Каталонија

Дека Каталонија и бара развод на Шпанија не е ништо ново, а односите никогаш не биле позагреани од сега. 

Барањето на референдум за независност и септемвриските протести на кои се собраа повеќе од 1,5 милиони луѓе се најдобар доказ за желбата за независна Каталонија. Но, каква улога низ историјата играше најпознатиот фудбалски клуб на светот врз експресијата на каталонското незадоволство и стремежот кон нивната самостојност и какви идеи всушност спојува нивното мото „повеќе од клуб”?