Баркли бе брат

Оваа година „Баркли маратоните”, кои воедно се сметаат за едни од најтешките на планетава, успеаја да го видат својот 15ти финишер (а се одржуваат од 1985 година), но она што беше уште поинтересно беше неуспехот на вториот тркач – Гери Робинсон кој не успеа да заврши на време за само 6 секунди пред истекот на лимитот. Правила си се правила… 

Ултрамаратонот Баркли претставува една од најтешките и комплицирани спортско-налудничави зданија кои за прв пат се одржуваат во 1985 година, а до денешен ден трката има видено само 15 финишери. Поставен е од типчето по име Гери „Лаз” Кантрел – читај повеќе за историјата тука – а на годишно ниво се нафаќаат само една рака луѓе, од кои најчесто многу мал процент успеваат да направат било каков напредок. 

Се работи за комплетно самостојно здание каде тркачите треба да направат 5 кругови по немаркирана и целосно дива патека со должина од по цирка 32 километри низ густите шуми на Тенеси откаде во тие 5 наврати тие треба да вратат страни од стратегиски забутани стари книги. Лимитот за завршување е 60 часа, а секој круг не смее да биде подолг од 12 часа. 

Оваа година во трката (која патем има котизација од 1,6 долари) учествуваа неколкумина од кои Џон Кели и Гери Робинсон кои се движеа заедно во првите четири круга имаа најизгледни шанси за финиш. Во петиот круг тие мораа да тргнат на различни страни, а после одреден период, малата публика беше сведок на интересен крај на трката. 

Џон Кели успеа да заврши на 30 минути пред истекот на лимитот и со тоа да стане 15тиот човек кој воопшто ја завршува трката, а Гери Робинсон успева да закасни и да биде исфрлен од трката (иако сите други елементи му се пополнети) за само 6 секунди откако не успева да ја фати жолтата ограда на самиот крај. Погоре е видеото од финишот на двајцата момци. 

Американците се доста добро познати по вакви брутални трки, а Баркли е дефинитивно една од најоткачените. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија