Банско во деминутив

По примерот на Џексон Хол во Америка, и нашите комшии на Пирин направија видео во минијатурен стил за нивниот скијачки центар. Не толку енергичен како американскиот, но сепак доволно вреден да се погледне.

Видеото го претставува Банско, но повеќе е сконцентрирано кон елементи од градот, а само мал дел е опфатен со скијачките падини. Башка и целиот дух на видеото е различен. Џексон Хол беше претсавен со енергичната даб степ верзија на Тајм од Пинк Флојд, а Банско е некако лежерно фрлен врз Comptine d’un Autre Été од Јан Тиерсен (дел од саундтракот на  Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain, по нашки Амели Пулен).