Државно изборно прванство

Абдурахим Идризи доби пласман за учество на Балканското Првенство

Балканскиот првак Абдурахим Идризи ја одбрани титулата Државен првак во кати и во борби на Државното првенство кое се одржа овој викенд во Скопје.

На 02 и 03 март 2013 година во Скопје се одржа Награден турнир за деца во кати и Државно првенство за натпреварувачи од 11-14 години во кати и борби кое воедно беше и избор за учество на престојното Балканско првенство што ќе се одржи на 29, 30 и 31 март во Крагујевац, Србија.

Минатогодишниот државен првак во кати и борби, воедно и Балкански првак Абдурахим Идризи ги одбрани двете титули. Тој повторно стана државен првак и во кати категорија деца родени 2001 и во борби -35 кг.

Со тоа се избори за место во репрезентацијата на Македонија каде на Балканското првенство ќе ја претставува државата и во кати и во борби, а воедно и ќе ја брани титулата балкански првак.