Балканската велосипедска унија го оддржа редовниот конгрес

Редовниот годишен конгрес на Балканската велосипедска федерација се одржа во Белград на 8 февруари 2014 каде се усвои извештај за работата и донесен е овогодишниот календар на активности на федерацијата. Македонија ќе  биде организатор на Балканскиот шампионат во планински велосипедизам во 2014 година.

Натпреварите во Друмски велосипедизам за сениори ќе биде во БиХ а за јуниори и кадети во Бугарија. Интересен е фактот што беа и преставници од Европската велосипедска федерација каде членови се сите сите 11 федерации од Балканската велосипедска унија Македонија, Турција, Бугарија, Србија, Албанија,Црна Гора, Грција, Кипар, Романија, Босна и Херцеговина,и Молдавија. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија