Нова насока на Алјаска

Австриски алпинисти искачија неискачен врв

Австриските алпинисти Хансјерг Ауер и Мух Маер искачија првенствена насока на претходно неискачен врв во Алјаска и го нарекоа Маунт Рипер.

За сите оние кои мислат дека не остана неискачен врв, Хансјерг Ауер (Hansjörg Auer) и Мух Маер (Much Mayr) ќе ви покажат дека не е така. На 17 мај, обајцата Австријци искачија претходно неискачен и неименуван врв во масивот Неакола, и го нарекоа Маунт Рипер (Mount Reaper) во Алјаска.

Инспирацијата за ова искачување ја добиваат од фотографија од соседен врв, the Citadel. Ауер и Маер сакале да ја искачат неискачената планина и немало записи за претходни искачувања.

Според Ауер, на нивниот прв ден во базниот логор небото било ведро и се одлучиле да започнат со искачување. Сепак, по 400 m качување, разбеснала огромна бура и наврската била форсирана да се повлече назад во базниот логор.

„И понатаму температурите беа повисоки одошто што очекувавме,” изјави Ауер. „Нашата цел беше некако специфична но по еднодневна проверка на пристапот решивме повторно да се обидеме. Знаев дека треба да бидеме суперлесни и дека треба да качуваме во помалку од идеални временски услови, за да ги избегнеме високите температури во стената.”

Наврската го напушти базниот логор во 4:00 и брзо напредуваше по нивната насока на северната стена, „Sugar Man” (М7, А1), на врвот стапнаа во 13:30. По пет минути поминати на врвот, следувало проблематично симнување по западниот гребен на Маунт Рипер и пристигнале назад во базниот логор во 16:00 часот.

„Секогаш е добро да се качи неискачен врв,” вели Ауер, „зашто има напнатост сè додека не стапнеш на врвот и не се симнеш до долу не знаеш ништо.”

Маер претходно беше на Денали минатата година и оваа година се врати за да го искачи Маунт Рипер. За Ауер ова беше прво патување во Алјаска.

Ова првенствено искачување се додава кон импресивното резиме на Ауер. Тој претходно има напревено прво слободно повторување на „L’ultimo dei Paracadutisti (5.14a)” на југозападната стена на Мармолада, и прво искачување на источниот Кунјанг Чиш во Каракорум.