Авицена Женска трка со рекорден број учеснички, најуспешните со вредни награди

Шестото издание на Авицена Женската трка, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 1.700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекордно висок одзив на учество на оваа трка која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон.

Трите најдобро пласираните Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска, според Gun Time, добија вредни награди.

Учесничките на Авицена Женската трка минаа 2 километри на булеварот Илинден во Скопје манифестирајќи силна желба да се биде дел од масовна спортска манифестација која ги обединува жените од сите возрасти без разлика на претходното искуство во трчањето.

Авицена Женската трка е инспирација за многу од нејзините учеснички да почнат активно да се занимаваат со вежбање, тренирање и секако со зацврстување на здравите животни навики. Динамиката на секојдневното живеење не овозможува премногу слободно време, но, токму преку оваа трка учесничките покажаа дека потребата од поздрав начин на живот е клучна одредница за која треба и може да се вложи напор.

Натпреварувачките покажаа дека во Македонија постои инспирација за целосно прифаќање на здравиот начин на живеење. Секоја од учесничките доби стартен број со чип на електронско мерење на време.

Награди беа доделени и на најдобрите три во 7 одделни категории според возрасните категории во кои што беа поделени учесничките. Нивните резултати може да се видат на следниот линк. Воедно, поради тоа што трката се одржа на Денот на шегата голем број на учеснички беа инспирирани, патеката од 2 километри да ја минат носејќи маски.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија