Ред Бул Медиа Хаус Ви претставува:

Наслов

Авантурите на Ерик и Џон Џексон!

Кога ќе ги споиш браќата Ерик и Џон Џексон, додадеш 6 месечна авантура на 2 континенти со поминати 24 илјади километри, и тоа звучи прилично интересно... Кога на сето тоа ќе го приклучиш и најпрепознатливиот сноубордер Тревис Рајс, целото тоа исфилувано од Ред Бул Медиа Хаус... Е тоа е веќе неодоливо! 

Ерик и Џон Џексон во соработка со Ред Бул Медиа Хаус ни го носат новото уживање пред престојаната сезона. Момците патуваат 24 илјади километри, преку 14 држави на 2 континенти. Од Аљаска до Чиле, придружувани од Тревис Рајс и Иан Волш во вистинска 6 месечна авантура... Од сноубординг, вејкбординг, сурфање, ловење риби, ловење гуштери до возење скејт и скокање со параглајдер ... Ова е нешто што мора да го видите да ви ги разгори страстите и фантазиите пред новата сезона. 

На линкот подоле ви се темпирани сите епизоди во плејлиста ... Уживајте! 

 

23 Ноември 2012

За авторот