Аudemars Piguet на раката на Шумахер

Шумахер од спортска опрема и фитнес справи до колекција од скапи часовници. Седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер покрај тоа што е колекционер на луксузни автомобили и фитнес справи за подобрување на физичката форма, во последно време се почесто е дел од познати светски марки не само за спортска опрема туку и на модни детали кои го истакнуваат машкиот дух.

Швајцарскиот производител на часовници Аudemars Piguet ја престави најновата соработка со легендата на Формула 1 Михаел Шумахер. По стапките на Лионел Меси, популарниот Шуми започна соработка со главниот дизајнер на Аудемарс.
Вкупно 1000 часовници ќе бидат изработени од титан кои на пазарот ќе чинат по 42 500 долари, 500-тини од 18 каратно злато за кои ќе морате да платите 75 000 долари доколку посакувате да поседувате еден од нив и само 100 ќе се направат од платина кои чинат и најмногу, еден од посакуваните ќе фигурира со цена од 110 000 долари.
Седумкратниот првак во Ф1 најави дека ќе продолжи да работи на слични проекти кои се поврзани со гламурозниот и магичен живот на висока нога.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија