Атлетичарка на годината

Британската атлетичарка Џесика Енис која го освои златото на олимпијадата во Лондон влезе во најтесниот круг на трите финалисти за наградата „најдобра атлетичарка на годината“. Златната атлета е во тесна конкуренција со американската спринтерка Алисон Феликс и Валери Адамс од Нов Зеланд.

Феликс е двоен олимписки шампион со победите на 200 метри и на штафета 4×400 метри. До златото на 200 метри, американската атлетичарка успеа да дојде со време од 21.88 секунди.

 

Адамс годинава го бранеше златото во фрлање ѓуле од Пекинг 2008-та, но успеа да го добие дури откако на белоруската атлетичарка Остапчук и беше одземен златниот олимписки медал, поради позитивниот допинг тест.

 

Веќе е позната и машката листа за наградата „атлетичар на годината“, па претпоставувате дека таму во најтесниот круг се најде Усаин Болт, а веднаш до него се и Американецот Ариес Мерит и кенискиот атлетичар Дејвид Рудиша.

Победникот во двете категории ќе биде објавен на 24 ноември во Барселона.