Армстронг ќе се отвара пред Опра

Прв пат откако му беа одземени седумте Тур де Франс титули и откако доби доживотна суспензија за професионално бавење со велосипедизам (и други останати компетиции), моментално најозборуваниот велосипедист на светот ќе се отвори во 90 минутно интервју со Опра Винфри.

Првото интервју откако целиот професионален и приватен живот на Ланс Армстронг беше тотално изменет по донесување на пресудата во врска со допинг скандалот и одземените седум Тур де Франс титули ќе биде прикажано по огромен број на медиуми.

90 минутното интервју во шоуто на Опра ќе оди на Oprah Winfrey Network (OWN) наредниот четврток, 17.01.2013 во 1 часот сабајле (по наше време GMT +1), а во живо ќе оди стрим на opra.com. Винфри потврди дека Ланс во шоуто кое ќе се води во неговиот дом во Остин, Tексас, искрено и отворено ќе проговори за допинг скандалот што го снајде минатата година кога од американската анти-допинг асоцијација беше означен како „сериски допинг измамник”.

Одредени извори од САД претпоставуваат дека Армстронг ќе признае за неговите грешки и ќе се обиде да преговара со Светската Анти-Допинг агенција за неговата можност да се натпреварува во триатлон и маратонски натпреварувања.