Антиќ е избран за Ол Стар викендот!

Како за инат на сите скептици, а како најдобрата вест за сите што поддржаа и веруваа, Перо Антиќ е избран како еден од најдобрите дебитанти кои ќе настапат на ѕвездите во подем на Ол Стар викендот кој ќе се одржува од 14ти до 16ти февруари во Њу Орлеанс.

 

Благодарност до сите што гласаа, односно веруваа во нашиот прв НБА претставник, а благодарност и до самиот Перо кој направи историски подвиг во македонската кошарка со тоа што најпаметно ја искористи секоја секунда, од малкуте, кои му беа понудени за игра.

Еруптирај Македонијо, имаш зошто!!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија