Анкета: се тркала ли точак во Скопје?

Нашиот тим е сведок дека Скопје има перфектна почва за велосипед, тука нема збор, ама РСБСП сака да ве потпраша нешто поконкретно на оваа тема, за дечките да имаат увид како да ги подобрат работиве. Па одвоjте неколку минути – пополнете анкета. 

 

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата започна со реализација на анкетно истражување за велосипедистите. Анкетниот прашалник содржи неколку прашања кои што треба да ги утврдат навиките, прашања и проблемите на велосипедистите во Скопје.

„Идејата ни е преку ова истражување да утврдиме колку често во Скопје се употребува велосипед и за кои цели се прави тоа. Освен тоа, сакаме да видиме кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се променат тие”, велат од РСБСП. – извор МОФ

Ајде сега сите ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија