Анапурна онлајн

Приказната оди вака: на Махабир, кој живее во затуреното непалско село Нанги во регионот Анапурна во Непал му биле потребни два дена одење за да стигне до Покхара за да си ја провери е-поштата бидејќи во Нанги како и во најголемиот дел од непалските рурални делови нема телефонска мрежа, а не па интернет. Махабир е паметен човек и има една визија. Решава да пише мејл до ББЦ.

Неколку години подоцна Махабир Пун успева преку помош од разни донации и делови од светот да го истурка својот визионерски проект за донесување на безжичен интернет во најзапуштените делови од Напал. 

Замислете што сè може да направи една далечна интернет врска…

Во 2007 година тој ја добива локалната награда Рамон Мугсајсај за иновативната апликација на безжичниот интернет во Непал.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија