Амфибија за спортски ентузијасти

Од 2006 година постои како прототип форма, но GIBBS Quadski од ноември 2012 година конечно стана комерцијално достапен производ. Возилото кое функционира и на копно и на вода може да се вози како регуларно 4WD додека е на земја, но кога ќе се склопат тркалата се претвора во Jet ski на вода.

Творецот на Quadski, Алан Гибс, најави дека возилото ќе биде достапно на американскиот пазар за околу 40.000 долари.

Quadski тежи 590 килограми, резервоарот може да собере 15 галони нафта а моторот е четири-цилиндричен BMW Motorradе, со 175 коњски сили. Возилото има и интегриран систем за програмирано вбризгување на гориво.

И на копно и на вода, Quadski развива брзина од 70 километри на час.