Американските ски-центри ја регулираат употребата на дронови

Откако дроновите буквално „преку ноќ” доживеаја експанзија и секој втор веќе може (прашалник дали смее) да ги лета, американската асоцијација на ски-ресорти реши да стави регулација за нивната употреба во граници на скијачките патеки, а дел од нив преку најмување на продукции видоа добра можност за бизнис.

Поради самиот факт што употребата на беспилотните летала за снимање почнува да станува секојдневие и веќе е широко распространето и лесно достапно за секого Американската Асоцијација на Скијачки Ресорти заедно со Федералната Авијатичарска Администрација реши да издејствува со регулирање на користењето на овие направи во скијачките центри.

Регулативите на ФАА не успеаја да бидат имплементирани пред почетокот на оваа скијачка сезона, па затоа најверојатно ќе настапат на сила од наредната пролет т.е. од ски сезоната 2017/18. Сепак, Асоцијацијата на Ски Центри стави забрана за користење на дронови во скијачките центри кои се под оваа капа (околу 300 на број во САД) освен со посебна дозвола или со посебна намена за користење (треба да има олеснување на регулативите за користење во контрола на лавини, спасувачки акции итн).

Забраната е ставена за оние што летаат како хоби како и за комерцијални потреби а тоа е најмногу поради страв од несоодветно користење на дроновите од неискусни лица и повреда на скијачите.

Од другата страна пак, неколку скијачки центри веќе видоа можност сево ова да го претворат во нивни бенефит и веќе настапија со понуда за снимање на ваше лично видео додека скијате од страна на сертифицирана продукција (CAPE) која ќе направи снимки со дрон.

Еве ја нивната понуда:

Инаку, ФАА веќе одамна ги има имплементирано лиценците кои треба да ги поседуваат лицата кои летаат вакви направи, но само за споредба, во САД оваа година се имаат продадено повеќе од половина милион дронови, а лиценци биле извадени само околу илјада.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија