Аква-Тера со победа на SUP demo race Angelochori

На 5-ти септември се одржа третата SUP Демо трка во Агелохори, Грција, на која учествувавме и ние од клубот Аква-Тера. Успеавме да ги освоиме првите две места во категоријата All round мажи. Кристијан Никодиновски е на првото, а Зоран Станкоски на второто место во оваа категорија. Трката беше поделена во три категории: All round мажи, All round жени и Racе категорија.

И покрај големата гужва на граница успеавме да стигнеме на натпреварот, но во оваа прилика би сакале јавно да му се заблагодариме на организаторот, Active sport School Windsurfing, кој го пролонгираше стартот, во спротивно ќе ја пропуштевме трката. Ова ни беше добро искуство и мотивација за понатамошни успеси на други трки.