Активни жени и здрави дојки

Физички активните жени имаат помал ризик за развој на ракот на дојката од неактивните…

 

Меѓународниот институт за превентивни истражувања во Лион,  Франција направи анализа на 4 милиони жени кои биле вклучени во 37 различни студии. Генерален заклучок е дека секојдневните физички активности кај сите возрасни групи го намалуваат ризикот за канцер на дојка за 12%.

Превентивниот ефект е многу поголем кај жени со нормален БМИ (body mass index), а заштитниот индекс се зголемува правопропорционално со зголемување на интензитетот на вежбање, времетраењето и фреквенцијата.

Неколку биолошки механизми го објаснуваат превентивниот механизам на редовните физички активности:

  • Намалувањето на хормонските нивоа, особено на инсулинот и на инсулин сличен фактор на раст 1 (ИГФ-1) се особено битен механизам во предменопаузниот период.
  • Подобрувањето на имунолошкиот статус.
  • Одржувањето на уредна телесна маса т.е. регулирање на масното ткиво е повеќе од јасен механизам.
  • И секако факторот стрес сосема уредно се балансира со редовни спортски активности.

Голем број на центри за контрола на заболувањата и превенција на рак на дојка прпорачуваат умерен интензитет на физичка активност, 30 минути дневно 5 пати неделно или 20 минути дневно 3 пати неделно, но со поголем интензитет.

ОВИЕ АРГУМЕНТИ СЕ ПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ ЗА АГЕНДАТА НА ВАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ КАКО ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА ОД КАНЦЕРОТ НА ДОЈКАТА.

Оваа сабота во градскиот парк во Скопје се одржува Напред Розово `14, манифестација за подигнување на свеста за борба против ракот на дојката под мотото “Чекори против ракот на дојка”.