Активна маса а не телесна тежина е фактор за здравје

Во последно време многу луѓе препорачуваат работи според телесната тежина. А што правиме ако човекот е 150 килограми со 50% телесни масти? Тогаш човекот ќе јаде 300 грама протеини? Фактор за здравје треба да биде активна маса составена од (мускули,коски,вода,гликоген).

Телото може да биде разгледано како изградено од коски, мускули, органи и масти. Мускулите, органите и коските се активната маса, додека мастите се пасивни. Мала количина на масти се есенцијални,тоа значи дека  3% од тежината кај мажите и 10% кај жените, од складираните под кожата и меѓу органите се потребни за најнормални физиолошките процеси. Останатите служат за резерва од гориво, термо-изолатор и како заштита против повреди. За оптимални вредности може да се сметаат вредности за мажите 5-8% и 11-14% за жените. Вредностите над овие зборуваат за постоењето на непотребни маснотии.

Калипер

Мерење на мастите со калипер
Мерење на мастите на мал кожен набор со калипер.Најлесно применлив и истовремено доволно прецизен метод за мерење на количината на масти во телото е оној со помош на притискање на калипер на кожен набор. Со помош на апарат наречен калипер се врши мерење на дебелината на кожата врз набор на неколку точно определени места по телото. Резултатите заедно со полот и возраста се заменуваат во формула и така се пресметува проценти маснотии во телото.
Норми во однос на активната тежинаОд кажаното досега станува јасно дека активното тежина на човечкото тело се добива откако ќе биде отстранета тежината на мастите. Објективно е сите препораки поврзани со градење на дел од телото да се однесуваат на активната тежина. За да дефинирате оптимална активна маса користете го овој калкулатор.Да ги разгледаме следниве примери:

Пример 1
Имаме двајца мажи со иста висина 185 см, различна тежина односно 70 килограми и 90 кг и процент на телесни масти 5% и 25%. Нивните тела дефинитивно ќе имаат видливи визуелни разлики, со облека едниот може да помине за слаб, а другиот за полничок. Лесно се пресметува дека активната тежина на двајцата е речиси еднаква, односно 66.5 кг и 67.5 килограми. Инаку кажано, тие имаат еднакво количество мускулна маса, а вториот е покриен од солиден слој масти.

Пример 2
Имаме две жени со иста висина 165 см, тежина односно 50 килограми и 60 кг и процент на масти 20% и 15%. Првата жена може погрешно да биде сметана за тело во добра здравствена состојба, но всушност активната маса на нејзината тежина е 40 кг, што е премалку. Додека втората жена може да биде набедена за прекумерна тежина, што е штетно за здравјето, но всушност нејзината активна тежина е 51 кг, што е одлично од здрава перспектива, во комбинација со само 15% масти.
Заклучок :: Важно за здравјето е активното тежина

Од кажаното станува јасно дека вкупната тежина на телото има релативно значење. Ако сакате да симнете килограми – вадете масти, а ако сакате да качите – накачете маса во мускулите, органите и коските. Важно е активната тежина, чие зголемување доведува до забавување и елиминирање на голем број дегенеративни болести, едно од кои што се повеќе е причинител на масовната остеопороза.