Наслов

Аконкагва искачена од тројца македонски планинари

Овој викенд во мешата екипа предводена од ПК Предејане - Србија, тројца наши планинари успеаја да се искачата на највисоката точка на Јужна Америка - Аконкагва 6962 м.н.в. 

Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски (крајно десно - фото) од ПК „Мамути" од Прилеп и Стоилко Стоицев (крајно лево - фото) од ПК „Македон" - Скопје се тројцата Македонци кои викендов успеаја да се искачат на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва (6962 мнв) на Андите. Покрај нив во екипата беа уште 

Стоилко со овa искачување стана првиот Македонец и (неофицијално) втор во светот кој успеал да се искачи на Аконкагва со инвалидитет - оштетен вид до 90%. - пренесува неговиот матичен клуб „ПК Македон”.

Пред неколку денови, Александар Кирковски од „ПК Македон” успеа да направи брзинско искачување и спуштање на врвот со старт и финиш од базниот камп Плаза де Мулас за под 10 часа. 

18 Февруари 2019

За авторот