Наслов

Ако не ти се вози до работа, вози на работа

Денес „неработен“, па ако не ти се вози до работа со точак поради снегов или слично, а си од загрозен вид, еве едно биро со точак, да вртиш на работа додека директорот те напнува зошто си закаснил (а ти всушност си закаснил заради тоа што не си дошол со точак). Само што после пак ќе седнеш на твојот компањон на отворено, пошто е КМ#19.

The Big Rig претставува работно биро под кое што е инсталирана велосипедската машинерија на која што можете да си вртите додека паузирате или сте во екот на работата, а од друга страна енергијата која се генерира може да се искористи за мал милион работи.

Двајцата инжињери кои ја имаат започнато идејава тргаат од следново. Велосипедот има 97% ефикасност и со тоа технологијата е скоро перфектна, па зошто да се користи само за транспорт кога може да се користи за се` друго!

Системот е поврзан со генератор на струја која можете да ја искористите за некои основни потреби, а има варијанта за малку поскапо да ви инсталираат штекери за лаптоп и слично. Просечен возрасен човек на тркалото може да генерира 100 вати електрицитет, а машината може да се модификува и за вршење на други работи кои се на овој принцип. Така вртењето ем ќе оди во здравје, како и секогаш, ама овде ќе оди и во штедење на струја. 

Бироата се изработуваат комплетно рачно од разно велосипедски делови, а дуото кое го започна проектот верува дека во иднина секое домаќинство ќе има ваква машина која бесплатно ќе покренува различни други направи. 

27 Ноември 2013

За авторот