Ајфел вертикал – 1665 скали до финиш

Следната година во март Ајфеловата кула ќе биде домаќин на првата вертикална трка. 

На 20ти март 2015 година ќе се одржи првата вертикална трка на Ајфеловата кула каде што пред натпреварувачите ќе биде исправена париската икона со нејзините 1665 скали и 279 метри висина. La Verticale de la Tour Eiffel ќе се разликува од останатите вертикални трки во облакодерите поради самата отворена конструкција на кулата. 

Трката за жал нема да биде отворена за секого, туку ќе имаат можност за учество само 60 искусни атлетичари, 40 избрани од комисија и 20 непознати тркачи. Доколку сакате да влезете во кругот на учесници ќе треба да се пријавите пред 31 декември оваа година и покрај котизацијата од 10 евра да ги приложите сите потребни сертификати за вашите атлетски способности. 

Вертикалната трка ќе го одбележи стартот на цела недела на спортски активности во француската престолнина под името Екотреил Парис во којшто ќе биде вклучен и ултрамаратон од 80 километри. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија