Ајде стриптизети на Олимпијада

Можеби досега не знаевме колку сериозна дисциплина станало играњето на шипка (Pole Dancing), но сега се уверивме дека е многу повеќе од обична стриптизерска точка. За ова треба да си многу јак! 

Во ноември 2012 година се одржа Светското првенство во играње на шипка во Цирих, Швајцарија. Поделени во три категории (машки, женски и парови), учесниците од преку 26 држави и 5 контитенти демонстираа вистинска физичка спремност, вештина и издржливост како и индивидуални кореографски точки. Целта на овој натпревар е да се охрабри, поддржи и едуцира сигурното играње на шипка како спорт и фитнес категорија преку поставување на стандарди од професионални инструктори, со цел да се зголеми безбедноста на идните ученици кои сакаат да го практикуваат овој спорт и фитнес. Видеото што следува ги прикажува дел од точките на натпреварот во Цирих.

 

Второто видео е од Интернационалното првенство во играње на шипка кое се одржа во март годинава во Хонг Конг, во организација на Интернационалната фитнес асоцијација за играње на шипка. Ова е прво вакво првенство каде што победниците се вреднуваат единствено според нивните вештини за играње, техничките трикови и целокупното шоуменство. Поделени се во четири категории и тоа мажи, жени, парови и хендикепирани. 

http://youtu.be/UGS2tXUsHGI align:center