Африканска доминација на Токио Маратон

Маратонот во Токио е првиот од вкупно шестте светски маратони во серијата World Major Marathons кој овој викенд се одржа и на истиот апсолутна доминација имаа африканските тркачи.

Токио Маратон 2019 ќе остане запаметен по веројатно најлошото време од кога оваа трка се одржува. Обилниот дожд во комбинација со прилично ниските температури, околу пет степени, за маратонско трчање не беа преголема пречка за Бирхану Легесе од Етиопија. Тој во својот трет маратон (воопшто во кариерата) успеа да финишира за време од 02:04:48часа што е второ најдобро време во историјата на Токио Маратон. Младиот 24-годишен Етиопјанец беше само 50 секудни поспор од рекордот на патеката поставен од Вилсон Кипсанг во 2017 година.

По завршувањето на трката победникот изјави дека лошото време делумно влијаело за постигнатото време и дека во подобри временски услови сигурно би истрчал време под 02:04:00часа. Инаку тој во своето деби на маратонот во Дубаи истрча време 02:04:14часа.

Зад Легесе финишираа Бедан Кироки и Диксон Чумба од Кенија кои зад победникот заостанаа по две односно четири минути.

Во женска конкуренција подиумот го завземаа три Етиопјанки. На првото место се најде Рути Ага со време од 02:20:40часа, а зад неа се најдоа нејзините сонароднички Хелен Тола и Шуре Демисе.На маратонот во Токио вкупно учествуваа 38000 тркачи од целиот свет кои по пат на квалификација и лотарија беа дел од тринаесетото издание на оваа трка.

Најдобри домашни натпреварувачи беа апсолвентот на универзитетот Чуо кој на општо изненадување беше најдобар Јапонец со време од 02:10:21часа доволно за пласман на петото место. Најдобра Јапонка пак беше дебитантката Мао Ичијама која на своето деби во маратонските трки истрча 02:24:33часа што беше доволно за пласман на седмото место.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија