#82врва

Авантура на двајца искусни алпинисти и пред се големи спортисти која е веќе започната а опфаќа качување на 82 алпски врвови во рок од 80 дена и возење на околу 1000 километри велосипед како превозно средство измеѓу овие рути. Што поинтересно да се следи на социјалниве мрежи?

Ули Штек познат како „Швајцарската Машина” т.е. човекот кој има направено една сериозна листа на светски алпинистички подвизи заедно со младиот Германец Михаел Волебен кој иако роден 1990-тата година зад него има огромно алпинистичко искуство се веќе тргнати на летниот проект #82Summitsкој треба да опфати качување на 82 алпски врвови во Франција, Италија и Швајцарија во рок од 80 денови. 

Во превод тоа значи дека дуото има план да ги качи сите врвови повисоки од 4000 м.н.в. на Алпите, а она што е најинтересно е дека дистанците помеѓу врвовите, значи конектирањето од еден финиш до друг старт тие ќе се обидат да го исполнат единствено со човечки напори т.е. на велосипед. 

Турата започна на 9 јуни а моментално Ули и Михаел се некаде во Швајцарија. 

Следете ја нивната аватнура на ФБ / Твитер / Инста

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија