50-тина авантуристички совети

Не постои лоша авантура, само лошо друштво!

  • Секогаш носи челна лампа
  • Најдобро место за чување на екстра батерии за лампа е во друга лампа – кажано од извесен водич во Алјаска 
  • Кога се чуствуваш истрошен, јади и јади што повеќе. Кога се чуствуваш добро, успори – совет за ултрамаратонски трки 
  • Не купувајте опрема, купувајте авионски билети – Ивон Шуинард
  • Не се обидувај да вложуваш напор, само врти – за вело-туринг на долги дистанци.
  • Секогаш носи лажица со себе. Не сакаш да промашиш некој бесплатен ручек. 
  • Секогаш носи тањирче или длабока чинија со себе, или ќе останеш гладен. 
  • Грамите се еднакви на килограм, а килограмите на болка – Непознат
  • Не легнувај во вреќа со мокри чорапи. 
  • Не очекувај солидно спиење за време на кампинг – очекувај серија на дремки. 
  • Ако некогаш се прашуваш дали треба да станеш и искочиш од шаторот за да мочаш, и дали може да продолжиш да спиеш без да го направиш тоа – искочи и уринирај. 
  • Проверувај ги јазлите – Крис Калус
  • Шлемот скоро секогаш ти го штити мозокот повеќе отколку што тоа го прави некоја модерна капа. 
  • Болката е само чувство – Стиви Свенсон 
  • Геолошкото време го вклучува и она „сега” – Гери Роач 
  • Некогаш треба да се јаде нешто што не ти се допаѓа – Џејсон Сајм
  • Секогаш проверувај дека шишето ти е затворено 
  • Ако боли кога одиш и ако боли кога трчаш, трчањето ќе боли помалку време – Броди Левен 
  • Посвети се – Меган Хикс 
  • Ако можеш да следиш, тогаш можеш и да водиш
  • Изгореници од сонце се за аматери 
  • Практично не сакаш да паднеш кога водиш на качување на мраз – Ли Смит 
  • Никогаш не се работи за целосно „водоотпорна” јакна. Тоа е повеќе како „јакна која споро се мокри”
  • На крајот сите стануваат скии за по камења 
  • Некој тоа може да го вози на точак без амортизери
  • Глупавите работи прави ги една по една.
  • Колку повеќе знаеш, толку помалку ти треба – Ивон Шуинард
  • Ако сакаш да одиш ултра – лесно тогаш осигурај се дека имаш ултра – искуство 
  • Шансите на навистина тешки искачувања не се во твој прилог. Затоа нема изговор ако се појавиш неспремен или надвор од форма. 
  • Не постои лоша авантура, само лошо друштво
  • Така е работата со целите, тие едноставно не лежат и те чекаат 
  • Никогаш не стои кога можеш да седнеш, никогаш не седи кога можеш да легнеш
  • Одењето 1 километар на час без паузи е секогаш побрзо од одењето 2 километри на час со пауза секои 5 минути. 
  • Повеќето шатори се бескорисни без шипките
  • Никогаш не планирај дека нема да врне
  • Постојат два едноставни начини на кои можеш да умреш во пустина – жед и давење 
  • Научи како се менува гума и носи си со себе
  • Диши. 
  • Полесно е да останеш отколку да искочиш надвор. 
  • Ќе ти помине 
  • Прво одбирај ги партнерите, а подоцна целите
  • Идеалните околности скоро никогаш не резултираат со интересни приказни. 
  • Ако секогаш ја јадеш убавата храна прво, секогаш ќе јадеш убава храна. 
  • Не го проценувај времето од вреќата за спиење.
  • Оди просечно, оди често 
  • Ако проблемот има решение, зошто да се грижиш? Ако нема решение, зошто да се грижиш?
  • Носи капа.

Виа

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија