50 дена, 50 држави, 50 Ајронмени?

На 6 јуни, Американецот Џејмс Лоренс го започна можеби најголемиот тест на човечката издржливост, обид да врзе 50 цели Ајронмен предизвици за 50 последователни дена. Моментално тој е некаде на 32 ден. 

Еден Ајронмен триатлон е приказна сама за себе. Тој содржи пливање на дистанца од 3,8 километри, трчање на цел маратон и возење на велосипед 180 километри и претставува еден од најтешките потфати за човечките капацитети. 

Но, од другата страна на листот го следиме „Железниот Каубој”, Џејмс Лоренс кој е исклучително познат по поставување на рекорди токму од овој тип. Џејмс досега го држеше рекордот за најмногу завршени Ајронмен натпреварувања во една година, 30 во 11 различни држави, но сега тој е на уште поголемо и потешко искушени на кое што воедно и веќе го има срушено овој претходен негов рекорд од погоре.

Стартувајќи од 6 јули тој работи на неговиот најголем предизвик, насловен 50.50.50 кој треба да врзе 50 вакви Ајронмени за 50 последователни денови во 50 различни држави. Целта е не само да се постави рекорд туку и да се соберат голем број на парични средства кои ќе одат во фондацијата на Џејми Оливер, непрофитабилна организација која работи на борба со кризата на дебелина во светски рамки. 

Во текот на неговиот потфат тој има привлечено големо внимание и моментално на секој нареден ден т.е. на различна локација тој собира огромна публика која активно го бодри. Последниот пат откако му беше направено интервју некаде на 29-тиот ден тој изјавил дека ова му станало секојдневна рутина: пливаш, возиш, трчаш, се тушираш, спиеш и наредното утро пак. Тој вели дека одлично се чувствува и дека добро се справува со болките во телото односно досега немал никаков проблем со повреда. 

Сличен ваков подвиг има направено и Дин Карназес со врзани 50 маратони за 50 последователни денови, но тој изјавува дека и покрај тоа што ова се огромни стресови на телото, штетата што се прави на сите негови структури е далеку помала отколку што би се очекувало. Испитувањата што се правеле конкретно за време на неговиот подвиг укажале дека неговите мускули не претрпеле штета која е поголема од нормалните нивоа кога се трча маратон.

Единствената разлика е тоа што овие луѓе активно се спремале за ваквите предизвици исклучително долг период. Конкретно Џејмс се има подготвувано две години.

Следете го Железниот Каубој тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија