Екологика

Наслов

5 недели бесплатно учење од најдобрите

Како да ја зазелениме нашата економија и да ги намалиме загадувањата кои влијаат на нашето здравје и нашата иднина? Ве повикуваме на бесплатен курс во следните 5 недели да откриеме како тоа го прават најдобрите - земјите од Скандинавија.

Бидејќи и така времето и воздухот не се баш погодни за лудории надвор, искористете го периодов кога сте дома и проширете ги своите хоризонти. Да научиме како функционира една зелена економија, комбинирајќи го економскиот развој и здравата животна средина за луѓето.

Курсот е на англиски, бесплатен е и се вика „Зазеленување на економијата - Лекции од Скандинавија“ (Greening the economy - Lessons from Scandinavia) и доаѓа од еден од 100те најдобри универзитети во светот, шветскиот Лунд во соработка со Интернационалниот институт за индустриско еколошка економија (iiiee).

Почнува од 19 јануари па до 23 февруари, поделен на 5 недели во кои се објаснуваат одржливоста, климатските промени и како да се комбинира економскиот развој со здрава животна средина. Со курсот се открива како индивидуалните однесувања, бизнис стратегиите, градовите и националните политики можат да промовираат позелена економија.

Сè што е потребно е да одвоите од 5 до 8 часа неделно на видео лекциите и материјалот за читање и полагање, (пр. толку неделно време одвојуваат и гледачите на турски серии). Не се потребни некои посебни познавања, само чиста љубопитност да се дознаат нови, свежи работи (и добро владеење со англискиот).

Направите си профил на coursera.org за да можете да се запишете на курсот и потоа кликајте на линкот овде greening the economy каде треба да одберите "join for free" или "earn a verified certificate" доколку ви се плаќа за верифициран сертификат. 

п.с. Мапа на сокласниците кои веќе го следат курсот, придружи се... 

19 Јануари 2015

За авторот