5 МЕДАЛИ И НАЈДОБАР КИК БОКСЕР НА ,,ХРВАТСКА ОПЕН“
Македонските кик боксери овој викенд настапија на Светскиот куп ,,Хрватска опен ” кој се оддржа во Макарска од 12-14.12.2014год. на кој учество земаа 9 земји со 180 натпреварувачи.
Македонските кик боксери освоија 5 медали од кои
1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен
Искусниот Димитар Ѓеорѓиев -79кг. кој се закити со златниот медал беше прогласен за најдобар кик боксер во кик лајт и ја освои премијата на купот ,,Хрватска опен” во Макарска како и престижниот пехар.
Кадетите исто така имаа успешен настап и во Македонија се враќаат со медали.
- 2 место, сребрен медал Ѓоше Ѓошев -50кг лајт контакт
- 2 место, сребрен медал Божидар Јанков – 60кг лајт контакт
- 2 место, сребрен медал Викторија Варадинова -60кг лајт контакт
- 3 место, бронзен медал Јована Арсова -55кг лајт контакт
- Кристијан Корпашев – 55кг поинт фајт немаше среќа овој пат и остана без медал откако беше поразен во осмина финалето .
Со овој настап на Македонските кик боксери завршија активностите на КБФМ на меѓународно поле за 2014год.