39-ти Меѓународен пливачки митинг „Телеком 2015", Радовљица, Словенија

Наслов

Пет злата и едно сребро за ПВК “ОРИОН“

На 39-от Меѓународен пливачки митинг „Телеком 2015" што се одржа во Радовљица, Словенија членовите на пливачкиот клуб ОРИОН, Никола Василевски и Антониј Симоновски постигнаа одлични резултати.

Симоновски од испливаните четири дисциплини освои три злата, а во една дојде до среброто. Младиот 13-годишен пливач триумфираше на 50 метри слободно (27,56 секунди), 100 метри слободно (27,56 секунди) и 50 метри делфин (30,90 секунди), додека како втор финишираше на 50 метри грбно со време од 32,46 секунди.

Василевски славеше во дисциплината на 1.500 метри со време од 17:28,49 минути.

На пливачкиот митинг учество земаа вкупно 390 натпреварувачи од Италија, Австрија, Русија, Естонија, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија.

21 Јули 2015

За авторот