300.000$ подобро велосипедско ѕвонче

„Направи подобро ѕвонче, и светот ќе ти направи пат за да поминеш со твојот велосипед“ гласи кампањата која на Кикстартер собира пари за обично велосипедско ѕвонче. За почеток типците ставиле цел да соберат 20,000, а вчера се заврши фундирањето со собрани цели 331,938 долари. Да видиме што чудо е.

Компанијата специјализирана за велосипедски додатоци Spurcycle собра повеќе од 300,000 долари преку крауд-фундирање на сајтот Кикстартер за да лансира правење на едноставно велосипедско ѕвонче. 

Ко секое ѕвонче, The Ringer Bell треба да ѕвони и ќе изгледа како што гледате на сликите, а ќе има можност да се монтира, според нив „буквално на секој гидан“. Исто така дизајнот му дозволува да биде монтиран било во вертикална или хоризонтална позиција, а пак да биде достапен за палецот.

И газдите на компанијата се зачудени на неверојатниот одзив од страна на луѓето кои решиле да фрлат некој долар за започнување на овој проект, а ко-основачот на компанијата Николас Слоун вели:

  • „Го постигнавме дизајнерскиот крал на велосипедските ѕвончиња и на вака склопен продукт не му е потребен никаков фенси маркетинг затоа што тој сам по себе буди желба да биде поседуван“.

Ѕвончето кое не е поголемо од палец ќе стартува со цена од 35 долари, а во фундирањето учестуваа околу 6,000 луѓе кои дадоа поддршка и собраа неверојатна сума на пари за еден ваков вело-додаток. 

Ѕирнете нешто повеќе тука, а го има и звукот што ќе го испушта.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија